Со изложбата „Ликовни блесоци“ почна одбележувањето на Денот на независноста во Кабинетот на претседателот

08.09.2021 10:31

На изложбата се претставени дела од реномираните македонски ликовни уметници: Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Мазев Петар, Глигор Чемерски...

Со изложбата „Ликовни блесоци“ почна одбележувањето на Денот на независноста во Кабинетот на претседателот Пендаровски. Првиот од низата културни настани со кои се претставуваат значајните дела од богатата современа македонска културна ризница. Три децении независна, самостојна држава. Да направиме песек – до каде стасавме на патот кон демократска и просперитетна држава, да ги согледаме грешките и да се договориме како до подобар и посреќен живот во иднина, порача шефот на државата Пендаровски.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска и се реализираше во соработка со Националната галерија, а вклучени се и дела од Музејот на современата уметност - Скопје, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Штип, Министерството за култура и Кабинетот на Претседателот.

На изложбата се претставени дела од реномираните македонски ликовни уметници: Димитар Пандилов Аврамовски, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Љубомир Белогаски, Димитар Кондовски, Боро Митриќески, Мазев Петар, Глигор Чемерски, Драгутин Аврамовски-Гуте, Ристо Калчевски, сé до Ана Темкова, Родољуб Анастасов, Омер Калеши.

Изложбата ќе биде отворена за секој посетител со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот. Посетата ќе биде организирана во зависност од бројот на пријавени граѓани, а во согласност со актуелните мерки за заштита од Ковид-19.