Честитка по повод Денот на независноста

Бајден: САД остнауваат ваши силни и непоколебливи поддржувачи

08.09.2021 10:41

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската унија, му пишува Бајден на Пендаровски.

Како што вашата земја продолжува да напредува, со зголемувањето на просперитетот за сите граѓани, подобрувањето на владеењето на правото, зајакнувањето на вашите демократски институции, САД остануваат ваши силни и непоколебливи поддржувачи, честитка од американсиот претседател Џо Бајден по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, упатена до шефот на македонската држава, Стево Пендаровски.

Со гордост ја поздравивме Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО, признавајќи дека вашата земја даде витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот, долго пред таа да се приклучи на алијансата.

Со нетрпение очекуваме да соработуваме со Северна Македонија на патот на спроведувањето на реформите што ќе ја обезбедат европската иднина на вашата земја, вклучително и пристапувањето во Европската унија, му пишува Бајден на Пендаровски.

Пораки со честитки и со желба за просперитет упатија и шефови на дипломатии.