Талибанците го објавија составот на новата влада
Министер за внатрешни работи ќе биде Сираџудин Хакани, еден од најбараните луѓе на листата на ФБИ. Тој е син на основачот на озлогласената мрежа Хакани, која во САД е означена како терористичка организација. Баран е поради вмешаност во самоубиствени напади и врски со Ал Каеда.

Талибанците прогласија Исламски емират во Авганистан и го објавија составот на новата привремена влада, на чие чело ќе биде Мула Хасан Акунд, близок соработник на покојниот основач на движењето, Мула Омар.
Министер за внатрешни работи ќе биде Сираџудин Хакани, еден од најбараните луѓе на листата на ФБИ. Тој е син на основачот на озлогласената мрежа Хакани, која во САД е означена како терористичка организација. Баран е поради вмешаност во самоубиствени напади и врски со Ал Каеда.
Во владата нема ниедна жена, ниту претставници на други политички струи.
