Шведска: Целосно вакцинирани 70% од возрасното население
08.09.2021 11:04
Иако бројот на заразени е повторно во пораст во изминатиот период, што се должи на попреносливиот делта сој, смртноста од Ковид-19 остана многу ниска.

Шведска до крајот на месецот ќе ги укине речиси сите преостанати коронамерки и ограничувања на јавни места. Најголемиот дел од возрасното население е вакцинирано, поради што Шведска постепено ги олеснуваше мерките во текот на летото.
Иако бројот на заразени е повторно во пораст во изминатиот период, што се должи на попреносливиот делта сој, смртноста од Ковид-19 остана многу ниска.
Повеќе од 70% од Швеѓаните над 16 години се целосно вакцинирани, а 81,6% од лицата над 18 години примиле барем една доза.
