Струмица

Започнува театарскиот фестивал „Ристо Шишков“

08.09.2021 11:46

Вечерва започнува 29-тото издание на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Завесата ќе ја кренат актерите од Битолскиот театар...

Годинава под посебни протоколи на големата сцена во Домот на културата во Струмица шест дена ќе живее духот на великанот на македонскиот театар, Ристо Шишков. Дваесет и деветта година по ред  се организаира Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“. Дозволена ќе биде и публика, но со почитување на ковид протоколите и со исполнетост до 30 отсто од капацитетот.

Годинава за жал на сцената поставена во чест на струмичанецот Шишков, претсава нема да одиграат неговите сограѓани. Ристов вели дека очекувале дека ќе учествуваат, сепак проблемите во струмичкиот театар си го направиле своето.

Фестивалското жири, кое ќе одлучува за единствената награда на највисоко актерско остварување „Ристо Шишков“, а се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, го предводи ланската лауретка, актерката Александра Пешевска и актерите Благој Чоревски и Петар Мирчевски.

 

Стојне Митева