Пред рекордна публика Црвена Звезда во полуфиналето
Екипата на Црвена Звезда го совлада Будевелник со 70:70 дури по продолжението, и ја анулира негативата од три поени од првата средба...

Синоќа се одиграа реванш натпреварите од четвртфиналето на кошакарскиот Еврокуп. Екипата на Црвена Звезда го совлада Будевелник со 70:70 дури по продолжението, и ја анулира негативата од три поени од првата средба. Во регуларниот дел од натпреварот резултатот беше 63:60, а во продолжението српскиот претставник беше многу подобар, и го доби двомечот со вкупни 158:152. Најдобар во победата беше Чарлс Џенкинс со 29 поени, од кои 8 во дополнителните 5 минути, а Иван Раденовиќ оствари 11 поени и исто толку скокови. Кај Украинците Дариус Лавриновиќ погоди 17 поени и забележа 9 скокови. Натпреварот ќе се памети и по рекордната посетеност од дури 24.232 присутни во “Комбанк“ арена во Белград, што е најголема гледаност на еден меч во историјата на купот.
Рускиот Уникс Казан беше надмоќен против Ајкон Анкара со 88:52, и со вкупен резултат 169:120 се пласира во големата четворка. Ендрју Гудлок беше најефикасен со 21 поен и 6 асистенции во редовите на рускиот претставник, а кај гостите се истакна Вања Плисниќ со 13 поени и 6 скокови. И вториот руски тим Нижњи Новгород се пласира во полуфиналето, по победата над Хапоел Ерусалим со 88:72 благодарение на одличната тимска игра, во која Тејлор Рочести постигна 18 поени и 6 асистенции, а Антон Семенов имаше 17 поени и 7 скокови. Кај Израелците кои допатуваа во Русија со скромни 3 позитива од првиот дуел, Дервин Кичен го заврши мечот со 15 поени. Кошаркарите на Алба Берлин славеа со 78:73 над Валенсија, но шпанскиот состав е полуфиналист со вкупни 159:132. Кај германскииот тим Реџи Рединг имаше одличен настап со 24 поени 8 скокови и 7 асистенции, додека кај гостите Бојан Дубљевиќ беше најпрезицен со 14 поени.
Според однапред утврдената ждрепка, во полуфинелето Црвена Звезда ќе игра против победникот на ова натпреварување од 2011 година Уникс Казан, а во второто полуфинале Нижњи Новгород се среќава со Валенсија. Првите мечеви се на 1 април, а реваншите на 9 април.
