Прилеп

Фестивал и проекти за културно- историското наследство во чест на 30 години независност

08.09.2021 13:25

Во чест на 30 години независност на татковината креативците од Прилеп со фестивал и проекти го реактуелизираа богатото културно и историско наследство во Прилепско- крушевскиот регион. Посебно достапно и приемчиво за младите за да знаат дека е непроценливо и треба да се чува..

Современи театарски претстави, танцови перформанси, интерактивни работилници, поетско-наративни вечери во Прилеп и во Крушево. Првиот фестивал „Цело е кога се има 30“ со 20-тина настани, во пресрет на независноста на татковината, го реактуелизираше културното наследство. Пред се, кај младите за да знаат дека е непроценливо и треба да се чува.

Големиот јубилеј донесе и проект за градот херој. Три документарни филма за меморијалните музеи и за Паркот на револуцијата, 360 виртуелни прошетки и изложба со 50 фотографии се постојано достапни на страницата на Заводот и музејот.

30 години независност донесе нова потврда за културното и историското наследство од Прилепско-крушевскиот регион.

 

Елизабета Митреска