Здравство

Состојбата со Ковид-19 во Тетово под контрола

08.09.2021 16:06

Состојбата со вирусот во Tетово и натаму под контрола. Починати и хопситализирани сѐ помалку. Свеста кај граѓаните за опасноста од вирусот се врати. Мерките повеќе се почитуваат, а одѕивот на вакцинацијата е се поголем...

Во Клиничката болница во Тетово за изминативе 24 часа нема починат. Намалени се амбулантските прегледи, 132 за еден ден. Голем дел од нив на доктор се јавиле во рана фаза на болеста и само седуммина се примени како нови пациенти со полесни симптоми.

Намален е бројот на  хоспитализирани , вкупно 83 пациенти. Од ден на ден болничките капацитети со ковид болни се ослободуваат, особено Интерното и Хируршкото одделение

Бројот на позитивни ковид пациенти во тетовско се намалува, а има околу 900 активни случаи. Очекувањето се како што соопштија од Кризниот штаб на Општина Тетово, за две недели да биде имунизирано 50 % од населението од тетовско.

 

Зоран Димовски