Политика

СДСМ и уште 20 партии потпишаа Договор за заеднички настап нa локалните избори

08.09.2021 17:03

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата изјави дека дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници. Според Заев, вака поставена коалицијата е „гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, развојот на регионите и општините“.

СДСМ и уште 20 партии потпишаа Договор за заеднички настап на претстојните локални избори. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата изјави дека дефинирани се соработки на повеќе нивоа, заеднички советнички листи и 69 градоначалници. Според Заев, вака поставена коалицијата е „гарант дека ќе продолжи напредокот на државата, развојот на регионите и општините“.

Заев подвлече- и  вредносно граѓанскиот концепт „Едно општество за сите“ значи и продолжување на успешната соработка со партнерите ДУИ, Движењето Беса и ДПА на претстојните избори.

На државотворни партии им приличи да склучат Договор токму на Денот на независноста, денот на кој одбележуваме 30 години сувереност и државност, посочи Заев.

 

Игор Панов