Хоџа им гарантира на лозарите дека нема да остане неоткупено грозје
На средбата во Министерството за земјоделство, Хоџа информираше дека откупната цена за оваа реколта ја објавија скоро сите винарии и изнесува 11 денари за „смедеревка” и 12-13 денари за „вранец”.

Владата е на страната на земјоделците, лично гарантирам дека грозје нема да остане, им порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа на лозарите од Неготино кои неодамна протестираа.
На средбата во Министерството за земјоделство, Хоџа информираше дека откупната цена за оваа реколта ја објавија скоро сите винарии и изнесува 11 денари за „смедеревка” и 12-13 денари за „вранец”.
Откупот се уште не е почнат со максимален интензитет, досега се откупени само 1,3 милиони килограми.
Ќе се заложам сите сорти грозје да бидат опфатени со помошта од два денара за килограм. Владата навистина е на страната на земјоделците, за што зборува и фактот дека во 2020 година и покрај економската криза од КОВИД, државата исплати 20 милиони евра за лозарството, дел за субвенции а дел преку Ковид пакетите, истакна Хоџа.
