КОВИД-19

СЗО: Богатите земји да не даваат трета доза вакцина

09.09.2021 09:43

Светската здравствена организација ги повика богатите земји со резерви на вакцини да се воздржат од понуда на трета доза до крајот на годината...

Светската здравствена организација ги повика богатите земји со резерви на вакцини да се воздржат од понуда на трета доза до крајот на годината. Наместо тоа, да им овозможат дополнителни дози на посиромашните нации.

СЗО и претходно повика на мораториум на дополнителните дози на вакцини до крајот на септември, но таа порака во голема мера не се почитува.