ВМРО-ДПМНЕ изрази сочувство до семејствата на жртвите, бара одговорност

09.09.2021 10:49

Сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ изразува големо жалење во врска со огромната трагедија и загубата на животи на наши сограѓани во текот на пожарот во модуларната болница во Тетово, соопштуваат од партијата.

Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата на починатите во ужасната трагедија и искрено желби за брзо закрепнување на сите повредени од синоќешната страотна катастрофа. Воедно сакаме да потенцираме дека е важно институциите да го истражат до крај причинителот и да се утврди одговорност, која не смее да изостане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Апелираат во овие тешки моменти министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев да не се кријат од јавноста и да излезат со точни податоци и проценки за состојбата. По 12 часа од несреќата не се знаат првичните индиции, ниту пак бројот на жртви. Oтсуството на систем запрепастува- стои во соопштението.