Прогласена тридневна жалост во Тетово

09.09.2021 11:03

Советот на општина Тетово на денешната итна седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост за жртвите од синоќешната трагедија...

Советот на општина Тетово на денешната итна седница донесе одлука за прогласување тридневна жалост за жртвите од синоќешната трагедија, во која животот го загубија 14 лица.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи изрази сочувство до сите граѓани на Тетово. Арифи посочи дека кога ќе се знаат официјалните информации за жртвите, ќе се помогнат нивните семејства со итниот фонд на општината.

„Во постојан контакт сум со сите институции кои треба да ја завршат својата работа, и во секој момент кога ќе добијам потврдени официјални информации, нормално дека истите ќе ги споделам со вас. Сакам да се заблагодарам до сите граѓани, сограѓани на нашата држава, до сите наши пријатели и во регионот и подалеку, кои се јавија со понуди за помош, да помогнат целата оваа ситуација да ја надминеме што побрзо“, рече Арифи.