АВГАНИСТАН
Талибанците ќе дозволат заминување на 200 Американци
09.09.2021 11:18
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, истакна дека САД од безбедносни причини нема да прифатат чартер летови од Авганистан до своите воени бази...

Талибанците се согласиле да дозволат 200 Американци и државјани на трети земји да заминат од Авганистан со чартер летови од аеродромот во Кабул.
Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, истакна дека САД од безбедносни причини нема да прифатат чартер летови од Авганистан до своите воени бази, доколку има голем број на непознати лица за САД, кои не ја поминале соодветната проверка.
