Македонија

Владата прогласи тридневна жалост, странски експерти ќе помагаат во истрагата за пожарот

09.09.2021 12:45

Владата прогласи тридневна жалост за несреќата во ковид центарот во Tетово и ја прифати понудата од сојузничките земји за обезбедување странски експерти за истраги при експлозии и пожари...

Владата прогласи тридневна жалост за несреќата во ковид центарот во Tетово и ја прифати понудата од сојузничките земји за обезбедување странски експерти за истраги при експлозии и пожари.

За денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.

Владата апелира до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, и друг тип забави и настани.

На стручните тимови на Mинистерството за внатрешни работи и на Mинистерството за здравство им е препорачано да се стават на максимално располагање на Oбвинителството во истражните постапки.