Попис 2021

Попишувачите и денес не излегоа на терен

09.09.2021 13:20

Според информациите, таква наредба добиле од Државниот завод за статистика.. Не одговара на повиците ниту директорот Симовски. Се очекува детални информации да соопштат од Владата.

И денеска  попишувачите  не излегоа  на терен. Според информациите, таква наредба добиле од Државниот завод за статистика.. Не одговара на повиците ниту директорот Симовски. Се очекува детални информации да соопштат од Владата.

Пред два дена имаше неколкучасовен прекин на пописот, првично Симовски изјави дека проблем е интернетот, а потоа се коригираше велејќи дека апликацијата треба да се ресетира.

Досега според Заводот за статистика попишани се околу 190 илјади граѓани.