Народниот правобранител бара брза и ефикасна истрага и одговорност за трагичниот настан во Тетово
Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот, никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број на семејства, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Народниот правобранител изразува длабоко жалење за трагичниот настан во болницата во Тетово, во кој животот го загубија голем број на пациенти хоспитализирани за лекување од Ковид -19, а во кој има и повредени пациенти и здравствени работници.
Сцените од ширењето на пламените јазици, борбата за спасување на секој човечки живот, никого не можат да го остават рамнодушен. Секоја слика од овој немил настан создава болка и предизвикува тага за загубата која ја претрпеа голем број на семејства, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.
Народниот правобранител изразува сочуство до семејствата на трагично загинатите лица, а воедно изразува надеж за брзо опоравување и оздравување на повредените во овој настан.
Народниот правобранител смета дека само со брза и ефикасна истрага ќе се докаже дека функционира правната држава- системот. Одговорност за трагичниот настан мора да има. Тоа дражавата во најмала рака им го должи на семејствата кои останаа без своите најблиски- стои во соопштението.
