Сведок на трагичната несреќа: Сѐ се случи во две минути, буквално ги вадевме пациентите низ прозорец

09.09.2021 14:15

Тридневна жалост во Македонија. 14 жртви во синоќешниот пожар во модуларната болница. Во судска медицина обдукција на телата. 12 пациенти се префрлени во тетовската Клиничка болница. А, на местото на несреќата се уште трае увидот...

Сведок на трагичниот настан во изјава за МРТ вели дека се се случило за две минути, пациентите буквално ги ваделе низ прозорец за да се спасат.