Попис 2021

ДЗС: Попишани повеќе од 200.000 граѓани, во тек се технички усогласувања

09.09.2021 14:25

Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет, велат од заводот.

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на државата на 5-ти септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните. Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани, соопштуваат од Државниот завод за статистика.

Во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет, велат од заводот.

Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30-ти септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја.

Државниот завод за статистика изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер во процесот.