Нови четири ученика во Штип позитивни на Ковид-19
Училиштата работат по сите здравствени протоколи, велат одговорните и инспекторите во Штип, но од почетокот на училишната година до денес осуммина ученици и тројца наставници се ковид позитивни. Последниот случај на изолација на цело одделение е заради суспектен, а од денес и позитивен ученик кој наместо во изолација, родителите го праќале на училиште …

Нови четворица ученици во Штип од денес се со позитивен корона тест. 20 нивни соученици во наредните две седмици наставата ќе ја следат онлајн. Два ученика од новозаразените се во средното електромашинско училиште „Коле Нехтенин“ и во медицинското „Јане Сандански“, двајца ученици се во најголемото основното училиште во градот
Вкупниот број на ученици во општините Штип и Карбинци кои се во изолација и со онлајн настава достигна 73, а од почетокот на училишната година тројца наставници во Штип се ковид позитивни.
Во ковид центарот во Штип хоспитализирани се 43 пациенти, 30 се на кислородна поддршка, а десет од пациентите се имунизирани.
Славица Величковска
