Тетово

Пендаровски: Засега нема индиции дека пожарот е намерно подметнат

09.09.2021 15:34

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Тетово ја посети опожарената модуларна болница наменета за лекување на Ковид-19 пациенти, каде во синоќешниот пожар загинаа 14 лица...

Засега нема индиции дека пожарот во кој изгоре тетовската модуларна болница, е намерно подметнат, вели претседателот Пендаровски по разговорите со надлежниот Јавен обвинител.

„Она што сакам јавно да го кажам – до овој момент, бидејќи имаше и такви шпекулации, дека е можеби подметнато, дека има врска со 30 години независност, дека има некакви конспирации за тоа – до овој момент нема никаков индикатор дека ова е направено намерно, со цел да се постигне некаква друга, политичка цел. Меѓутоа велам, тоа е во овој момент, и се разбира тоа ќе ви го каже денеска или наредните денови надлежниот јавен обвинител“, изјави претседателот Пендаровски.

Марина Стојанова- Тонева известува од Тетово