Сите модуларни болници се градени по највисоки стандарди, тврди Министерството за здравство
Сите модуларни ковид- болници во државата, се градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди- тврди Министерството за здравство. Ова е ставот и на компанијата-изведувач на ковид- центарот во Тетово, што изгоре во пожарот. Ги повикаа надлежните на увид да ја стават нивната документација...

Mодуларните ковид болници се градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди, тврди Министерството за здравство откако во јавноста се појавија информации за можни пропусти при градбата на капацитетот во Тетово. Од ресорот велат дека за сите објекти имало технички прием, а вградените материјали биле сертифицирани.
Ковид центарот во Тетово бил проектиран со три влеза, ходници широки 2,4 метри, со ниски парапети на прозорите за евакуација. Ковид центарот во Тетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи, велат од Министерството.
Во државата има 19 модуларни болници. Потребата за нив се наметна откако почна да расте бројот на поацинети со корона вирус, а во посеточките објеки немаше слободнбо место за хоспитализација.
При изградбата на модуларната во Тетово имаше проблеми, а нејзиното пуштање во употреба се одолжи. Од компанијата – изведувач „Брако“ велат дека забелешките кои се појавиле при техничкиот прием биле од естетска природа и не може да се поврзат со несреќата, бидејќи биле отстранети пред пуштање на болницата во употреба.
Оттаму бараат надлежните да ја објават целокупната документација, а истражните органи што побрзо да ги расчистат сите околности и да излезат со детали од истрагата.
Наташа Јанчиќ Менковска
