Здравство

31 починат, 256 нови случаи со Ковид-19

09.09.2021 19:00

Вкупната бројка на ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.

Во последните 24 часа се направени 2.778 тестирања, а регистрирани се 256 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 545 оздравени пациенти, а пријавени се 31 починато лице: 9 починати лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 починати лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 починати лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од  Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г).

Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.

Вкупната бројка на ковид - дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631.

Досега во земјата се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19.