Филипче: Од одговорност нема да бегам, но ќе почекам да заврши истрагата
Од 29 до 79 години се лицата кои го загубија животот во пожарот во модуларната ковид- болница во Тетово, соопшти министерот за здравство Венко Филипче. Вели дека не беа од одговорност, но ќе чека да заврши истрагата затоа што и во овој период има потреба за менаџирање на состојбата...

Од одговорност нема да бегам, но ќе почекам да заврши истрагата, па ќе донесам одлука дали ќе поднесам оставка, став на министерот за здравство Венко Филипче по пожарот во модуларанта ковид болница во Тетово.
Починатите се на возраст од 29 до 79 години. 12- мината кои беа евакуирани, се наоѓаат во стабилна состојба во тетовската болница. Под кои околности настанала страшната трагедија која ја зацрни Mакедонија, ќе се утврдува во наредниот период.
Истагата ќе треба да утврди зошто била дозволена посета на ова одделение, со оглед на тоа што во моментот на пожарот, таму биле присутни и двајца посетители. Дополнително, со ДНК анализа ќе се утврдува и дали меѓу починатите има посетители, или станува збор само за пациенти.
Филипче уверува дека при реализацијата на проектите со модуларните болници запазени се сите стандарди и постапки, а вградените материјали имаат сертификати. Апелира до граѓаните и медиумите да не создаваат паника и недовреба кон ковид центрите кои, како што вели, значат многу за спасување на животи во оваа криза.
Марија Котовска
