Обвинителството за организиран криминал ја бара целосната документација за модуларните болници
Сите 19 модуларни ковид болници во државата, се градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Ковид центарот во Tетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи, велат од Министерството за здравство.

Обвинителството за организиран криминал со наредба ќе ја бара целосната документација од јавните набавки за модуларните болници. Ваквиот потег доаѓа по информациите во јавноста за евентуалните пропусти во нивната изградба.
И министерот Филипче ги повика истражните органи да ги истражат јавните набавки, нудејќи ја целата документација.
Сите 19 модуларни ковид болници во државата, се градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Ковид центарот во Tетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи, велат од Министерството за здравство.
И изведувачот „Брако“ задолжен за монтирање на модуларните болници тврди дека немало никакви грешки при изградбата на објектот и дека техничкиот прием поминал по строги светски стандарди.
