Авганистан: Повик за повторно отворање на напуштените амбасади

10.09.2021 10:11

„Ги поздравуваме“- изјави талибанскиот командант, Хихрат пред напуштената британска амбасада во градот. Рече дека новата талибанска влада сака добри односи со странските земји и повика на повторно отворање на напуштените амбасади. Побара поддршка од меѓународната заедница.

Талибанските претставници ги повикаа британските дипломати да се вратат во авганистанската престолнина Кабул, инсистирајќи на тоа дека сакаат да воспостават нормални односи со надворешниот свет.

„Ги поздравуваме“- изјави талибанскиот командант, Хихрат пред напуштената британска амбасада во градот. Рече дека новата талибанска влада сака добри односи со странските земји и повика на повторно отворање на напуштените амбасади. Побара поддршка од меѓународната заедница.

Во меѓувреме, новинарите кои тврдеа дека биле тепани од талибанците бидејќи го пренесувале протестот на жените во земјата, изјавија дека ќе продолжат да ја работат својата работа, но дека следниот пат може да бидат убиени затоа што талибанците немаат милост кон никого.