Ковид-19

Нов Јужен Велс постави нов рекорд на новозаболени

10.09.2021 10:47

Премиерката на Нов Јужен Велс рече дека уште девет лица починале, со што бројот на жртвите се искачил на 162. Сепак, целосниот карантин утре ќе биде укинат во 12 области на локалната самоуправа во државата.

Најнаселената австралиска држава Нов Јужен Велс постави нов рекорд на новозаболени од коронавирус, со 1.542 локално стекнати случаи.

Премиерката на Нов Јужен Велс рече дека уште девет лица починале, со што бројот на жртвите се искачил на 162. Сепак, целосниот карантин утре ќе биде укинат во 12 области на локалната самоуправа во државата.

Оправданието на владата е дека овие делови од регионалниот Нов Јужен Велс во моментов се сметаат за низок ризик, бидејќи имале нула случаи во изминатите 14 дена.

Здравствените власти во соседна Викторија,пак, продолжуваат да работат на собирање кластери во Мелбурн, откако државата вчера го регистрираше најголемиот дневен извештај за епидемијата.

Досега во земјата се имунизирани 64 насто од населението со прва доза.