Продолжува истрагата за утврдување на причините за пожарот во тетовската болница
Од починатите, осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица, информираат од Oбвинителството...

Јавното обвинителство продолжува со истрагата за утврдување на причините за пожарот во тетовската болница. Од починатите, осум жртви се жени и шест мажи, на возраст од 29 до 78 години. 12 лица биле хоспитализирани како пациенти во ковид болницата. Од починатите, сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица, информираат од Oбвинителството.
Се истражува дали биле подолго време присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите роднини. По налог на Oбвинителството, извршена е обдукција и на почината пациентка, која настрадала од Kовид-19 и за чиј живот се борел медицинскиот персонал, непосредно пред избувнувањето на пожарот.
Обезбедени се видео-снимките од тетовската клиничка болница, од околните деловни објекти, станбени згради и куќи. Ангажирано е вешто лице- електротехничар, за утврдување на причинско- последичната врска за настанување на пожарот.
