Струга

Се намалува бројот на хоспитализирани, расте интересот за вакцинација

10.09.2021 12:09

Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница, а истовремено расте интересот за вакцинација. Во Струга имунизирани се 23.000 граѓани и уште 10.000 во Здравстевниот дом во Вевчани. Од менаџментот на здравствените установи велат строго се забранети посети на ковид болни пациенти, кои се лекуваат во болниците...

Се намалува бројот на хоспитализирани во струшката болница. Моментално има 28 пациенти на болничко лекување, од кои 14 невакцинирани со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка. Вакцинираните се во постабилна состојба, велат лекарите.

Во исто време расте и интерест за вакцинација. Дневно на вакциналните пунктови во Струга се вакцинираат околу 400 лица, вкупно се имунизирани 23.000 граѓани.

„Јас сум задоволен од бројот и од одзивот на граѓаните, е сега гужва има бидејќи не е со закаување на термини. И самите граѓани тука грешат, бидјеќи им се даваат бројчиња и знаат отприлика за колку време им е редот, но нашиот менталитет е тој, но во суштина нема некои проблеми. Само два пункта имаме, бидјеќи толку е персоналот“, вели Андон Ложанкоски, директор на Здарвствен дом Струга.

Рсте интересот за вакцинација и во Здравствениот дом во Вевчани, каде се имунизирани околу 10.000 лица.

„Вакцинацијата тече и во последните седум дена имаме екстремно зголемување на интересот, посебно во делот на селата кои што не беа опфатени, каде немаше интерес во претходните месеци, сега имаме екстремно поголем интерес така што процентот на вакцинирани во делот што го покрива Здавствен дом Вевчани е околу 35%“, вели Јован Стојкоски, директор на Здравстевн дом Вевчани.

Од менаџментот на здравствените установи, велат строго се забранети посети на ковид болни пациенти, кои се лекуваат во болниците. Роднините не смеат да влегуваат во модуларните болници, инфективните одделенија и ковид центрите, поради опасноста од ширење на вирусот.

 

Соња Рилковска