Тетово
Д-р Нуредини: Сѐ изгоре за три минути
10.09.2021 13:17
Координаторот на тетовскиот ковид- центар тврди дека модуларната болница имала противпожарни апарати, но вели, истрагата ќе покаже што точно се случило и зошто во толку краток период целосно изгорел објектот...

Сѐ се случи набрзина, сѐ изгоре за три минути, вели доктор Нудерини, координатор на болницата. Тврди дека модуларната болница имала противпожарни апарати, но вели, истрагата ќе покаже што точно се случило и зошто во толку краток период целосно изгорел објектот. Доктор Нуредини дециден – посетите во ковид центарот се незаконски.
