ДСЗИ: Ќе постапиме само по на налог на Јавното обвинителство

10.09.2021 12:47

Кусо во соопштение одговорија дека согласно со Законот за инспекциски надзор врз работењето на тетовската модуларна болница, инспекторатот во рамките на своите надлежности има спроведено повеќе редовни и вонредни надзори. Последниот на 13.08.2021 и за секоја од нив постојат уредно биле изработени записници и друга документација.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат не може да се произнесе за придружбата на роднини на ковид хоспитализираните пацинети во тетовската модуларна болница.

Кусо во соопштение одговорија дека согласно со Законот за инспекциски надзор врз работењето на тетовската модуларна болница, инспекторатот во рамките на своите надлежности има спроведено повеќе редовни и вонредни надзори. Последниот на 13.08.2021 и за секоја од нив постојат уредно биле изработени записници и друга документација.

За трагичниот настан не може да утврди фактичка состојба после изминати два дена од настанот, понатаму не постои налог од Министерот за здравство за вршење на вонреден надзор.

Инспекторатот ќе постапи и ќе ги стави на располагање сите свои стручни капацитети само врз основа на налог на Јавното обвинителство.