Телефонски разговор Пендаровски- Херцог

10.09.2021 12:51

Претседателот Херцог, во негово лично име и во име на граѓаните на Државата Израел упати најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Република Северна Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Државата Израел, Исак Херцог, соопштуваат од претседателскиот кабинет.

Претседателот Херцог, во негово лично име и во име на граѓаните на Државата Израел упати најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Република Северна Македонија.

Воедно, во телефонскиот разговор израелскиот претседател упати честитки до претседателот Пендаровски и до граѓаните на Република Северна Македонија по повод 8 Септември, Денот на независноста, констатирајќи дека Северна Македонија од независноста до денес помина тежок пат.

Како две традиционално пријателски земји, Израел ќе продолжи да ги унапредува билатералните односи и да ја поддржува Република Северна Македонија, посочи претседателот Исак Херцог во телефонскиот разговор.