Нова патна комуникација кон врвовите на Кожуф
Се асфалтираатнови три километри од патот Негорци-Серменин, гевгелиско. Средствата во износ на 330 илјади евра за реализација на овој проект се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија. Изведувач на работите информира дека поради работите на патот, денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај во двата правца до 19 часот. Лани беа асфалтирани 4,5 км меѓу Негорци-Серменин, со 350 илјади евра кредитирани од Европската инвестицискабанка .

Се асфалтираатнови три километри од патот Негорци-Серменин, гевгелиско. Средствата во износ на 330 илјади евра за реализација на овој проект се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на Република Македонија. Изведувач на работите информира дека поради работите на патот, денеска ќе биде целосно затворен за сообраќај во двата правца до 19 часот. Лани беа асфалтирани 4,5 км меѓу Негорци-Серменин, со 350 илјади евра кредитирани од Европската инвестицискабанка . Општина Гевгелија со дополнителен километар асфалт и издвоени околу 120 илјади евра, исто така се вклучи во овој проект, дел од Програмата за изградба на патишта во руралните предели.
