Две декади по терористичките напади врз САД
Соединетите држави ја одбележуваат 20-годишнината од нападите кога загинаа околу три илјади луѓе во Светскиот трговски центар. Тероризмот беше организиран од Ал Каеда по што следуваше антитерористичката акција врз Ирак, седиштето на екстремистите.

Две децении по терористичките напади врз Соединетите држави. 11-ти септември 2001-та година. Силни експлозии и пламен во центарот на Њујорк. Летот 11 на киднапираниот „Американ ерлајнс“штотуку ја погоди северната кула.
„Страшно е. Никогаш не сум видел нешто слично во мојот живот. Го имате Светскиот трговски центар, погодена е зградата на телефонската компанија“, вели сведок на нападот.
Градот обвиткан во облак од прашина. Траор и крикови на очај се слушаат по улиците. Кулите близначки на Светскиот трговски центар повеќе ги нема. Ниту некои од најблиските. И по 20 години, болката е иста- вели ќерката на поручникот Роберт Валас кој бил на 40 -тиот спрат од јужната кула кога таа се урнала. Неговото тело никогаш не е пронајдено.
„Тоа е всушност денот кога ми се ми беше одземено. Тој беше човекот што секогаш сум го сакала. Мојот херој. Никогаш не помислив дека нема да излезе од таа зграда. Тоа навистина не ми падна на памет“, вели Џенин Валас , ќерка на загинат поручник во нападот на кулите близначки.
При сеќавањето на националната трагедија, тешко е и сам да се оплакува. Оние кои го преживеаја 11-ти септември носат лузни и тежина поради неодговорените прашања. Заробен длабоко во остатоците од кулата, Вил Химено беше еден од нив.
„Никогаш не би помислил дека ќе станам дел од историјата. Некои денови се чувствував како вчера да се случило. Беше 9 часот и 3 минути кога Јунајтед 175 удри во нашата зграда, влегувајќи од 77 до 85 спрат. Тој ден загинаа 2.749 луѓе во трговскиот центар. Јас имав среќа. Ако ме прашавте како сум, ќе ви речев дека сум добар- преживеав“, вели Вил Химено, преживеан во нападите 9/11.
По Њујорк за неполн час со киднапиран авион беше нападнат и Пентагон. Белата куќа беше цел и на уште еден авион, но храбрите патници на летот 93 на „Јунајтед ерлајнс“ ги совладаа киднаперите по што авионот се урна во Пенсилванија.
Во чест на жртвите и сеќавањето утре низ Соединетите држави се одржуваат комеморации. Претседателот Бајден и првата дама планираат да ги посетат сите три места каде што се случија нападите.
Американсскиот претседател го најави обелоденувањето на одредени документи поврзани со нападите, побарано од семејствата на загинатите во терористичкиот напад.
Бојана Крстевски
