Над 45 проценти од прилепчаните се имунизирани
Во Прилеп останува интересот за имунизација. За вакцинација на пунктовите доаѓаат и стари и млади. Досега преку 45 насто прилепчани примиле вакцина. Теренската екипа секојдневно има преку 10 домашни посети за немоќните и неподвижните...

Дедо Живко дојде од Големо Коњари на вакцинација во Прилеп. Има 90 години, се чувствува витално и здраво. Вели, мора да се вакцинираме, оти тука е можноста за спасот.
Викторија е од Украина. Вакцинацијата е суштинска за здравјето на нејзиното македонско семејство и за блиските во Украина.
Досега, 45 насто прилепчани се имунизирани. Според надлежните, тоа е солидно, а според интересот, набрзо се очекуваат зголемени бројки.
Теренската екипа дневно има преку 10 посети за вакцинација на немоќни и неподвижни.
Регионалниот вакцинален пункт засега не ја менува локацијата.
Елизабета Митреска
