Партиите финишираат со кандидатските листи за градоначалници и за советници
Актуелниот пратеник и меѓународен секретар на партијата Тимчо Муцунски е номиниран за Аеродром, а за Карпош, доктор Оливер Зафировски. Највисоките партиски тела ги утврдија и имињата за Битола, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Старо Нагоричане и за Долнени.

Партиите финишираат со кандидатските листи за градоначалници и за советници за локалните избори. Рокот истекува утре на полноќ. ВМРО-ДПМНЕ обелодени уште осум имиња, кандидати за градоначалници.
Актуелниот пратеник и меѓународен секретар на партијата Тимчо Муцунски е номиниран за Аеродром, а за Карпош, доктор Оливер Зафировски. Највисоките партиски тела ги утврдија и имињата за Битола, Струмица, Кичево, Крива Паланка, Старо Нагоричане и за Долнени.
СДСМ неодамна постигна договор за соработка во првиот круг со 20 коалициски партнери, а ВМРО-ДПМНЕ покрај соработката во коалицијата, постигна договор за меѓусебна поддршка и со Алијанза за Албанците-Алтернатива.
