Заврши обдукцијата на настраданите во пожарот, меѓу нив мајка и ќерка и сопружници
Заврши обдукцијата на настраданите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Со помош на ДНК анализа извшена е и идентификација. Четиринаесет непосредно по пожарот беа донесени на Судска медицина. Додека едното тело, петнаесеттото е починато пред да се случи пожарот...

Направени се анализите и идентификувани се починатите во пожарот што ја пеплоса тетовската модуларна болница. Меѓу настраданите има мајка и ќерка, како и сопружници.
Обдукцијата е завршена. Петнаесет тела денеска ќе бидат предадени на нивните семејства. Четиринаесет непосредно по пожарот беа донесени на судска медицина. Додека едното тело, петнаесеттото е починато пред да се случи пожарот.
Александар Станков, директорот на институтот за судска медицина за МТВ рече дека со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14- мина коишто настрадаа во пожарот, а извршена е обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот.
При обдукцијата биле запазени посебните ковид протоколи, поради специфичните околности, починатите имале коронавирус. Идентитетот на починатите е откриен со помош на роднините. Во идентификацијата учествувал и тим на МВР.
Две од жртвите во пожарот во Тетово биле во посета кај сопруг и мајка. Државниот санитарен и здравствен инспекторат не може да се произнесе за придружбата на роднини на Ковид хоспитализиранитепациенти во тетовската модуларна болница.
„Во врска со трагичниот настан што се случи на 8-ми септември оваа година, ДСЗИ не може да утврди фактичка состојба после изминатите два дена од настанот, понатаму не постои налог од Министерството за здравство за вршење на вонреден надзор. Најважно, во фаза на водење на истрага од страна на Јавното обвинителство, ниту министерот, ниту било кој друг орган неможе да му наложи на ДСЗИ да спроведува надзор над субјект кој е предмет на кривична истрага. ДСЗИ ќе постапи и ќе ги стави на располагање сите свои стручни капацитети само врз основа на налог на Јавното обвинителство“- информираат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Наташа Јанчиќ Менковски
