Истрагата ќе покаже што точно се случило во модуларната болница
Два дена по трагичниот настан во модуларна болница во Tетово, македонската јавност сѐ уште во шок и неверување. Истрагата за немилиот настан продолжува. Координаторот на ковид центарот, доктор Нуредини вели дека сѐ се случило набрзина. Сѐ изгоре за три минути. Тврди дека модуларната имала против пожарни апарати, но вели, истрагата ќе покаже што точно се случило и зошто во толку краток период целосно изгорел објектот. Доктор Нуредини дециден – посетите во ковид центарот се незаконски...

Можностите за извлекувањето на пациентите кои настрадаа во катастрофалниот пожар минимални. Сѐ се случило за миг. Пламените јазици го проголтале објектот за неколку минути. Противпожарни апарати имало, но интервенцијата за тој краток период била невозможна.
Истрагата треба да утврди кои се причините. Имало некој спој, експлозија. Истрагата , но и надзорните камери ќе утврдат што точно се случило.
Преживеаните 12 пациенти се во добра здравствена состојба, сместени се во интернистичкиот блок при Клиничката болница во Тетово, потврдија од оваа установа.
Зоран Димовски
