Статистика

Попис 2021: Напредуваат активностите за надминување на техничките недостатоци

10.09.2021 15:47

Пописните активности на терен не се прекинати, но се спроведуваат со намален интензитет, велат од ДЗС...

Напредуваат активностите за надминување на техничките недостатоци кои доведоа до успорување на пописната апликација, информираат од Државниот завод за статистика. Пописните активности на терен не се прекинати, но се спроведуваат со намален интензитет, велат оттаму.

Апелираат до јавноста да има разбирање за овие технички проблеми кои се вообичаени кога станува збор за масовни операции со користење на напредни технологии.

Од Државниот завод за статистика велат дека процесот на попишување е во рамките на планираното и очекуваното и тој ќе биде целосно, успешно и крајно професионално завршен до 30-ти септември