ДИК: Заврши обуката на инструкторите за апаратите за биометриска идентификација
Завршена е обуката за инструкторите кои ја водеа експерти од германската компанија од која се набавени апаратите за биометриска идентификација на гласачите. Тие ќе ги обучуваат претседателите и нивните заменици во избирачките одбори кои ќе ракуваат со терминалите за отпечаток претседателот на ДИК...

Завршена е обуката за инструкторите кои ја водеа експерти од германската компанија од која се набавени апаратите за биометриска идентификација на гласачите. Тие ќе ги обучуваат претседателите и нивните заменици во избирачките одбори кои ќе ракуваат со терминалите за отпечаток, објави Александар Даштевски, претседателот на ДИК. Тој очекува со оваа новина која за првпат се воведува за проверка на податоците на избирачите да се одржат поефикасни и подоверливи избори.
Во тек е постапката за доставување на кандидатурите од политичките партии и независни листи за градоначалници и советници, чиј рок истекува до утре на полноќ.
Во Државната изборна комисија се проверуваат податоците од Централниот регистар за доставување единечен матичен број и дали партијата е регистрирана во Судскиот регистар. Со овие документи и со другата придружна документација политичките субјекти кандидатурите ги доставуваат до Општинските изборни комисии и до Градот Скопје.
Даштевски вели дека со потпишување на кодексот за фер и демократски избори, ќе има конкурентен натпревар меѓу учесниците на изборите без говор на омраза и без дискриминација.
Игор Панов
