Грабеж на бензиска пумпа на Макпетрол во центарот на Велес
27.03.2014 13:10
Случајот е пријавен во СВР Велес. Од таму велат дека работат на откривање на сторителите...

Касата на бензиската станица на Макпетрол лоцирана во центарот на Велес утринава е олеснета за 84 илјади денари. Двајца маскирани разбојници во 4 часот и 20 минути влегле во објектот и заканувајки и се со нож на вработената ги одземале парите.
Случајот е пријавен во СВР Велес. Од таму велат дека работат на откривање на сторителите.
Во Велес зачестија ограбувањата на бензиски пумпи. Лани на идентичен начин како овој денеска беше ограбена другата бензиска пумпа на Макпетрол, тогаш разбојниците заминаа со 43 илјади денари.
Во евиденцијата на СВР Велес стојат и двете минатогодишните кражби на бензиската пумпа кај село Караслари.
Иако бензиските пумпи се под постојан видео надзор на полицијата тешко и оди откривањето на сторителите бидејки тие во сите случаеви се масирани.
Дијана Иванова
