Македонија
Модуларната болница во Тетово изгорела за три минути
10.09.2021 17:18
На социјалните мрежи протекоа снимки од пожарот од безбедносните камери во Tетово. Освен заболените, никој не може да има пристап на инфективно одделение, вели епидемиологот Нуредини...

Мора да се истражи, зошто имало лица во болницата што не припаѓале на здравствениот персонал, вели координаторот на тетовскиот ковид центар д-р Гзим Нуредини. Придружбата не е дозволена на инфективните одделенија. Нашиот дописник од Тетово, Зоран Димовски разговараше и со еден пожарникарите коишто гаснеа и спасуваа колку што можеа, пациенти во модуларната болница.
