Нови македонски ковани пари за нумизматичарите

27.03.2014 13:23

На денешната седница Советот на Народна Банка ја усвои и Одлуката за издавање кована пара за колекционерски цели „Кирил и Методиј“, како и Одлуката за издавање кована пара за колекционерски цели „Лав“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари „Кирил и Методиј“ ќе бидат во апоени од 100 денари и 1000 денари, додека кованата пара „Лав“ ќе биде во апоен од 10 денари.

На денешната седница Советот на Народна Банка ја усвои и Одлуката за издавање кована пара за колекционерски цели „Кирил и Методиј“, како и Одлуката за издавање кована пара за колекционерски цели „Лав“, од серијата „Хороскопски знаци“. Кованите пари „Кирил и Методиј“ ќе бидат во апоени од 100 денари и 1000 денари, додека кованата пара „Лав“ ќе биде во апоен од 10 денари. Со оглед на високиот квалитет што го поседуваат, издавањето на кованите пари за колекционерски цели ќе придонесе за подобро претставување на земјата на домашен и на меѓународен план, оценуваат во Народна Банка на Република Македонија