Активни 13.412 ковид- случаи во земјава
Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројот на оздравени пациенти е 163.852, а на починати е 6.259.

Бројот на активни случаи во земјава изнесува 13.412 од кои најголем број, или 5.858 се во Скопје. Во Тетово има 1.184 активни случаи, во Куманово – 898, во Гостивар – 688, во Струга – 620… Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје, при направени 4.553 тестирања, се регистрирани нови 464 случаи со Ковид-19, 23 починати и 435 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 1.223.054 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 183.523, бројот на оздравени пациенти е 163.852, а на починати е 6.259.
На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 758.622 граѓани. Прва доза вакцина во петокот и саботата примиле 4.019 граѓани, а вкупно се вакцинирале 23.221 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.381.901 дози вакцини, а ревакцинирани се 623.278 граѓани.
Со последните бројки, 54 отсто од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18 до 39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител, информира Министерството за здравство.
