Македонија

Мицкоски бара оставки, СДСМ обвини за профитирање

13.09.2021 09:16

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ постави ултиматум – министерот за здравство Филипче и неговиот заменик Хасани да се повлечат до вторник, во спротивно, во Собранието ќе поднесе предлог-одлука за разрешување...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ постави ултиматум – министерот за здравство Филипче и неговиот заменик Хасани да се повлечат до вторник, во спротивно, во Собранието ќе поднесе предлог-одлука за разрешување на двајцата функционери поради трагедијата во Тетово.

Лидерот на партијата, Христијан Мицкоски вели дека Деловникот дава таква можност. Според него, оставката на Филипче од морални причини нема да ја пренасочи кривичната одговорност која вели, мора да ја има. Првиот човек на партијата обвини дека премиерот Заев е во комуникација со обвинители, побара објективна истрага којашто треба да даде одговор на многу прашања.

Предлогот на Мицкоски е голо политиканство и нема правна основа, туку претставува обид да се профитира на националната трагедија.

„Уставот на државата е јасен, член на Владата може да поднесе оставка, но пред премиерот. Претседателот на Владата може да предложи разрешување на член на Владата, а за предлогот за разрешување Собранието одлучува на наредната седница“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме, Алијансата на Албанците од пред Министерството за здравство го повика премиерот Заев да се држи подалеку од истрагата и да не се меша во работата на Обвинителството. Од партијата со став дека модуларните болници би требало да бидат помошни објекти, а не болници за болни од Ковид .

По трагедијата во Тетово, оставки понудија министерот Филипче, заменикот Хасани и директорите на болницата.

Дијана Ценевска