Аграр

Над 200 земјоделци и фирми аплицирале на последниот ИПАРД оглас

13.09.2021 09:46

Над 200 земјоделци и фирми поднеле барање на последниот оглас од ИПАРД 2 програмата. Најголем интерес има за финансирање на алтернативно земјоделско производство, односно за одгледување на печурки, живина, ароматични растенија. Вкупната побарана сума е скоро 26 милиони евра...

На последниот ИПАРД 2 оглас пристигнати се вкупно 198 апликации со вкупна побарана сума од 25,7 милиони евра. Се очекува овој број да порасне со апликациите кои се пратени по пошта.

Најголем интерес со пристигнати 92 апликации има за алтернативно производств кое вклучува одгледување на печурки, зачински и ароматични растенија, зајаци, полжави, птици за јајца и месо, пчели, хортикултура, производство на семенски и саден материјал насади на брзо растечки дрвја.

За непрехранбени производи има 41 апликација за секторот рурален туризам 37, а за производство на прехрамбени производи и пијалоци 19 апликации.

Земјоделците и фирмите имаа рок од 45 дена за прибирање на целокупната потребна документација за подготовка на предлог проектите.

На овој оглас на малите бизниси на располагање се над 13,5 милиони евра.

Финансиската поддршка по корисник се движи од од 1.500 до еден милион евра. Повратот на инвестициите е во висина до 65 проценти од вкупните прифатливи трошоци.

Методија Трајков