Нова ракетна проба во Северна Кореја, реакции од соседите и од САД
Во главниот државен весник се објавени две фотографии од лансирањето и детален текст на извршениот тест. Проектилот погодил цели оддалечени на 1500 километри. Сеул, Токио и Пентагон со реакција за најновите проби.

Северна Кореја со нова проба на проектил со голем дострел. Во главниот државен весник се објавени две фотографии од лансирањето и детален текст на извршениот тест. Проектилот погодил цели оддалечени на 1500 километри. Сеул, Токио и Пентагон со реакција за најновите проби.
„Поставија прашање дали сме биле известени од севернокорејската војска за лансирањето, или дали пратиле порака преку комуникациската линија. Веќе ви е познат мојот одговор – воената комуникациска линија меѓу Југот и Северот не функционира“, изјави Бу Сеунг-Чан, Министерство за одбрана на Јужна Кореја.
„Јапонската влада ќе продолжи да соработува со Јужна Кореја и САД за собирање информации, истражување и мониторинг на активностите на Северна Кореја. Ќе пријавиме секаква закана од воздух и ќе продолжиме да го зајакнуваме капацитетот за целосна заштита на нашата нација од проектили“, соопшти Кацунобу Като, шеф на владиниот кабинет на Јапонија.
Според американската војска, ракетните тестови се проблем и за соседите и меѓународната заедница. „Оваа активност го нагласува континуираниот фокус на Северна Кореја за развивање на воената програма“, се вели во соопштението на Индо-тихоокеанската воена команда на САД.
Пјонгјанг е под меѓународни санкции за програмите за балистички ракети, кои би требало да го заштитат од американска инвазија.
