На повидок Лигата на нациите
На конгресот во Астана УЕФА го усвои предлогот за востановување на Лигата на фудбалските нации. Натпреварување од репрезентативен карактер, кое што ќе започне во 2018 година со учество на сите 54 земји од Европа.Тоа би било дел патот и за учество на Европското првенство во 2020 година. Сеуште не се дефинитивно утврдени натпреварувачките деталји.Според предложениот модел, репрезентациите би биле поделени во четири поголеми групи според коефициентот што го имаат земјите на листата на ФИФА.Лигата би се играла од септември до ноември 2018 година.

На конгресот во Астана УЕФА го усвои предлогот за востановување на Лигата на фудбалските нации. Натпреварување од репрезентативен карактер, кое што ќе започне во 2018 година со учество на сите 54 земји од Европа.Тоа би било дел патот и за учество на Европското првенство во 2020 година. Сеуште не се дефинитивно утврдени натпреварувачките деталји.Според предложениот модел, репрезентациите би биле поделени во четири поголеми групи според коефициентот што го имаат земјите на листата на ФИФА.Лигата би се играла од септември до ноември 2018 година. 12-те најдобро пласирани продолжуваат во четири групи од по 3 екипи.Победниците во групите ќе одат на завршниот “фајнал-фоур“ кој би се играл во јуни 2019 година.
Како ќе се дојде до место на Европското првенство во 2020 година?
Сите 54 европски репрезентации ќе учествуваат во „традиционалните “ квалификации од кои 20 селекции ќе се изборат за место на ЕУРО 2020. Преостанатите 4 места би ги пополниле екипи од четирите „дивизии“ од новоформираната Лига на нациите, низ „бараж“. „Баражот“ ги вклучува ги и освојувачите на првите места и од групите со најнизок рејтинг.
