ЕВРОПА

Меркел во проштална посета на Србија

13.09.2021 11:03

По посетата на Србија, Меркел ќе отпатува во Тирана, каде утре освен со албанскиот премиер ќе се сретне и со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Германската канцеларка Ангела Меркел во проштална посета на Србија. Ќе има средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

По посетата на Србија, Меркел ќе отпатува во Тирана, каде утре освен со албанскиот премиер ќе се сретне и со шефовите на владите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово.

Изборите во Германија на 26-ти септември ќе бидат важни, не само затоа што ќе го означат крајот на мандатот на еден од водечките политичари во Европа по 16 години, туку и зашто можат да донесат голема политичка неизвесност во земјата.

Аналитичарите сметаат дека Балканот не треба да очекува големи промени од наследникот на Меркел.

Во трката учествуваат тројца кандидати- Армин Лашет од Демохристијаните, Аналена Бербок од Партијата на зелените и Олаф Шолц од Социјалдемократите.