Заев: Не мислам дека цела Влада треба да си поднесе оставка
Не мислам дека цела Влада треба да си поднесе оставка по катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница, смета премиерот Заев. Појасни дека Филипче доаѓа на работа и до доаѓање на нов министер, со заменикот ги извршуваат тековните обврски...

Не мислам дека цела Влада треба да си поднесе оставка по катастрофалниот пожар во тетовската модуларна болница, смета премиерот Заев. Појасни дека Филипче доаѓа на работа и до доаѓање на нов министер, со заменикот ги извршуваат тековните обврски.
„Негова должност е, како на министерот, така и на заменик министерот и на директорите на болницата, сѐ додека правно- формално не бидат отстранети, да ја извршуваат функцијата. За мене е важно да има брз резултат од истагата, затоа што граѓаните тоа го бараат, а и институциите на системот и Владата, и да се дадат сите одговори“, изјави премиерот Заев.
Проектот со модуларните болници, рече Заев, беше воден од Светска банка, учствуваа и Министерството за труд и социјала и Министерството за здравство, и е спроведен онака како што се смислен, по сите прописи. Нагласи дека треба се остават професионалците да ја завршат работата, и потоа ќе бидат дадени сите одговори околу трагедијата во Тетово.
Обвинителството, пак продолжува со вештачења на доказите за пожарот, во кој загинаа 14 лица.
